производство и монтажа на електрично панелно греење

Панелни Ѕидни Греалки

Панелните ѕидни греалки ги загреваат просториите со единствена комбинација на топлински зраци и конвекција. Конвекцијата се создава на тој начин што воздухот влегува од долната страна на греалката, се загрева и така загреан излегува од горната страна. Греалката нема вентилатори за форсирано дување така што воздухот се загрева со природна конвекција. Предната страна на греалката има дифузен слој, исто како и кај таванските панели, со што максимално се искористува ефектот на топлински зраци. Горната страна на греалката е покриена со рамка и затоа топлиот воздух излегува од предната страна, со што се намалува поцрнувањето на ѕидот. Системот изведен со панелни ѕидни греалки е поефтин од системите изведени со таванско или подно греење. За инсталација на овој систем потребно е просторијата да има одреден слободен простор на ѕидовите за монтажа на греалките. Според ефектот на загревање и инсталираната моќност панелните ѕидни греалки се најекономичните греалки на нашиот пазар.

МОДЕЛ – PZG-1200W

Моќност: 1200W @ 220VAC/50Hz
Напон: 220-240VAC/50Hz
Приклучок: L/N/PE mains_class_I.png

Загрева до 18m2, во зависност од квалитетот на изолацијата.

Димензии (ШxВxД):
Варијанта 1: 85cm X 55cm X 6cm
Варијанта 2: 95cm X 50cm X 6cm

Подвижни Панелни Греалки

Панелната ѕидна греалка може да се монтира на платформа со тркалца со што се добива подвижна панелна греалка. Греалката монтирана на платформа може лесно да се извади од платформата и да се монтира на ѕид и обратно, греалката монтирана на ѕид може лесно да се префрли на платформата.

“Хигиеник“ изведба

Одамна е познато дека бакарот и неговите легури (бронзата, месингот) имаат антибактериско дејство. Дејството се случува при допир на бактериите со бакарот. Тоа е денес и научно потврдено. Греалките во “хигиеник“ изведба однадвор не се разликуваат од останатите греалки. Но во внатрешноста на греалката е монтиран елемент од бакар или месинг низ кој поминува воздухот при процесот на природна конвекција. Греалката со оваа изведба доби бронзен медал на МАКИНОВА 2015 година.

Мермерни и Гранитни Панели

Од мермерни или гранитни плочи може да се изведат ѕидни панели. Со нашата изведба нема режење или длабење на панелот со што не се нарушува неговата структура. Купувачот може да донесе плочи по сопствен избор на кои ќе се нанесат греачите. Греачите може да се нанесат и на керамички плочи.

МОДЕЛ – REPK 120×60 750W

Моќност: 750W @ 220VAC/50Hz
Напон: 220-240VAC/50Hz
Приклучок: L/N/PE mains_class_I.png

Димензии (ШxВxД):
120cm x 60cm x 2cm

МОДЕЛ – REPK 60×60 250W

Моќност: 250W @ 220VAC/50Hz
Напон: 220-240VAC/50Hz
Приклучок: L/N/PE mains_class_I.png

Димензии (ШxВxД):
60cm X 60cm X 2cm